Хепатитисот е сериозно воспаление на црниот дроб, витален орган одговорен за многу важни функции во човечкото тело, вклучувајќи детоксикација, синтеза на протеини и варење. Оваа состојба може да биде предизвикана од повеќе фактори, вклучувајќи вирусни инфекции, прекумерно консумирање алкохол, земање одредени лекови, како и одредени автоимуни болести.
Постои разлика помеѓу акутен и хроничен хепатитис. Акутна состојба е ненадејно, краткотрајно воспаление на црниот дроб, кое може да биде тешко и да премине во хронична состојба, што се смета дека се јавува доколку воспалението на црниот дроб трае повеќе од шест месеци.
Помалку познати симптоми
Жолтицата и болките во стомакот се веќе добро познати симптоми кои укажуваат на заболување на црниот дроб, но има и такви кои се помалку познати, а може да се појават на нозете и стапалата, особено ноќе, во форма на следните знаци:
Отекување на нозете и стапалата – Хепатитисот може да влијае на способноста на црниот дроб да ги регулира течностите во телото, што доведува до акумулација на течности и видлив оток. Доколку имате долготрајни отоци, важно е да се консултирате со лекар, пишува živim.hr.
Невообичаена болка и непријатност – Хепатитисот може да предизвика болка и непријатност во нозете и стапалата, особено ноќе. Може да варира од благи до тешки пулсирачки и постојана болка.
Промени на кожата – Промените во бојата или невообичаените траги на нозете и стапалата може да укажуваат на тоа дека имате проблеми со црниот дроб. Хепатитисот може да доведе до голем број кожни проблеми, вклучувајќи потемнување или пожолтување на кожата поради дисфункција на црниот дроб.
Ноќни грчеви – грчеви во нозете кои често се појавуваат ноќе може да бидат суптилен показател за проблем со црниот дроб. Хепатитисот може да влијае на балансот на електролити во телото, што доведува до грчеви во мускулите.
Синдром на немирни нозе – Хепатитисот може да предизвика синдром на немирни нозе, состојба во која чувствувате неконтролиран нагон да ги движите нозете, често придружена со непријатност.
Превенција
Превенцијата на хепатитис вклучува практикување добра хигиена, избегнување на ризично однесување, како што е незаштитен секс.