More

    Синдикатот бара да се усогласат платите и надоместоците со Колективниот договор

    spot_img

    Синдикатот на УПОЗ,  денеска преку соопштение обвини дека во УЈП континуираното и сериозно кршење на правата од работен однос и дека не се почитува Колективниот договор.

    Според УПОЗ, во оваа институција долг временски период се ограничуваат правата на вработените со носење на поединечни акти на работодавачот, не се применуваат законските одредби и одредбите од Колективниот договор особено оние кои се однесуваат на начинот на пресметка на плата, додатоците на плата и други надоместоци од работен однос и се прават незаконски времени и трајни прераспоредувања на вработените.

    Синдикатот од Владата, Министерството за финансии и од УЈП бара  утврдување и исплата на додадок на плата од 30% и за вработените во УЈП почнувајќи од јануари годинава и пресметувањето и исплатата на платата, надоместоците и додатоците на плата најитно да се усогласи и да се врши согласно Колективниот договор.

    „Усогласувањето на платите да биде согласно порастот на индексот на трошоци на живот во случаи кога ќе надмине 10 проценти во споредба со претходниот месец, да се признава степенот на образование на вработените и да се прекине со временото распоредување на вработените и тоа да се користи во случаи и на начин како што е пропишано согласно законот и Колективниот договор“ се наведува во соопштението.

    Оттаму додаваат дека дошло времето  изворно да се слушне барем дел од вистината и за вработените во УЈП кои долги години на различни начини се обесправени во остварување на своите права од работен однос.

    Синдикатот на УПОЗ, ги повика Државниот инспекторат за труд, Државниот завод за ревизија, Народниот правобранител и Комисијата за дискриминација да спроведат надзор по допрен глас во Управата за јавни приходи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img