More

    Синдикатите се задоволни од денешните разговори со владата

    spot_img

    Решение за зголемување на платите во јавниот сектор и исплата на регресот за годишен одмор е можно веќе во вторник, следната недела, изјави денеска по состанокот на економско-социјалниот совет, претседатлот на ССМ Слободан Трендафилов.

    -Мислам дека за многу кратко време ќе дојдеме до заедничко решение, што и како ќе се случува со платите на вработените во јавниот сектор, за колкав процент ќе пораснат и дали ќе има исплатата на регресот за годишен одмор и колкав ќе биде. Министерството за финансии треба да ги направи дополнителните пресметки во текот на денот и да ни ги достави за да можеме да донесеме одлуки на нашите органи и тела – рече Трендафилов.

    Тој информира дека има доближување на предлозите на синдикатите и владата.

    Синдикатите бараат зголемувањето на платите да се пресметува по еден од трите модели што ги предлагаат – основ на пресметката да се земе инфлацијата од 14,2%, порастот на минималната плата од 12,5 % или порастот на просечната плата за ланската година од 10,9%.

    Трендафилов рече дека претстојат консултации внатре во синдикатите околу решенијата, но и се чека пресметка од министерството за финансии.

    -Доколку се направат пресметките правилно сметам дека ќе ги задоволат сите страни – рече Трендафилов.

    Незадоволни од платите вработени во јавниот сектор во ткот на изминатиот месец протестираат и штрајкуваат со барање за повисоки плати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img