Синдикатите ги предупредија пратениците да мислат кога ќе гласаат во корист на „Бехтел и Енка“

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во реакција на предложените законски измени поврзани со изградата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д  денеска ги повика пратениците сериозно да размислат пред да го дадат својот глас за, како што наведуваат, катастрофланите предлози за измени на закони по работничките права.

„Пратениците од владејачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од 8 часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од 3 месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работниците кои работат на проекти од национален и стратешки интерес,  да немаат слободен ден и да работат во недела“, соопшти ССМ.

Според ССМ, „Владата продолжува со намерата докрај да ги понижи македонските работници, да им го одземе достоинството и да ги направи робови во сопствената држава за сметка и интерес на странски компании и корпорации“.  На тој начин, соопштува ССМ,  не само што ќе ги одлее парите на македонските работниците и граѓани – даночни обврзници во странски компании туку сака и да им овозможи на овие компании како Бехтел и Енка да ги преработат, преморат и изнемоштат работниците кои очигледно треба да им бидат не само робови туку и роботи.

„Спротивно на принципите на меѓународното трудово право, конвенциите на МОТ, одлуките на Уставниот суд кој детално се произнесе по тие прашања и ги прогласи за неуставни одредбите од Законот за градба на автопатиштата од страна на Бехтел и Енка каде што спротивно на сите правни правила и спротивно на здравиот разум сакаа тие работници да работат по 60 и повеќе часови, како и тоа што го апсолвираше прашањето за уставноста на одредбите на Законот за работните односи со кои недела е неработен ден, за пратениците предлагачи: Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Даниела Николова, Љатифе Шиковска, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири, Халил Снопче овие Одлуки на Уставниот суд се ништо повеќе од тоалетна хартија и на мала врата по нивен предлог во понеделник, пратениците од владеачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот и работнциите кои работат на проекти од национален и стратешки интерес за Република Македонија, работниците да немаат слободен ден и да работат во недела“, се наведува во соопштението од ССМ.

Потсетуваме, посочуваат од Синдикатот, дека еднаш веќе им го оспоривме и им го укинавме ова пред Уставниот суд. Национален и стратешки интерес на Државата треба да биде да има здрави и добро платени работниците, да ги задржи работниците дома, а не да им дава билет во еден правец надвор од Државата, зошто без работниците и граѓаните нема ниту пратеници, министри и функционери, а нема ниту држава, порачува ССМ.

На дневениот ред на 112-та седница на Собранието закажана за в понеделник се девет предлог закони поврзани со проектот,  меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка.

Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес за Република Северна Македонија. Дополнително се воведува можноста за работа во недела како и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.

Предложени се измени и на законите за земјоделско земјиште, за експропријација, за заштита на културното наследство, за урбанистичко планирање, за  минерални суровини, за шумите, за градење и на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д. Стратешки партнер за изградба на четири автопатски делници на коридорите е „Бехтел и Енка“, а вкупната вредност на проектот е 1,3 милијарди евра, без финансиите за  прокетирање и експропријација.

Share This Article