More

    Син ми прескокнувал мртви за да се спаси, сведочи таткото на едно од ранетите деца

    spot_img

    Пред Вишиот суд во Белград денеска продолжи судењето за масакрот на Коста Кецмановиќ, момчето кое лани застрела девет соученици и чувар во училиште во Врачар.

    Денеска сведочеа родителите на повреденото момче Ј.Д., кое било застрелано во бутот. Солзи кај присутните по сведочењето на родителите на момчето, пренесуваат медиумите во соседството.

    – Син ми, ми се јави во 8 часот и 45 минути да ми каже дека е ранет. Бев од другата страна на градот и трчав кон училиште – рекол таткото.

    Таткото потоа сведочел за агонијата додека го барал синот од училиштето каде што биле присутни полицијата и итната помош. Тој раскажал што му кажало детето за Коста Кецмановиќ.

    – Ништо не ми кажа во болница бидејќи околу него имаше полиција и форензичари. Кога излезе после три дена, ми рече: „Тато, имаше црвени очи, очи на ѓавол“. Тој (Коста К.) го погодил (син ми) со еден куршум, а другиот (куршум) поминал покрај него кон вратата додека тој трчал да излезе и да се спаси. Прескокнувал мртви и раскрвавени деца. Буквално ги повлекол тие двајца пријатели кои трчале по него – раскажал таткото на ранетото момче.

    Тој рекол дека неговиот и животот на син му се промениле по масакрот во кој неговиот син беше застрелан во бутот.

    Момчето ретко зборува за масакрот, а според сведочењето на неговите родители сè уште има изразени последици и дека постојано оди на психотерапија и зема лекови.

    – Се грчи и скока на сè. На почетокот беше неподносливо и страшно. Секој ненадеен звук го прекинуваше, а во јавниот превоз се случува кога свети и се гаси светлото, тој се откачува и ме вика мене и мајка му за да праша што да прави. Го смируваме, но веќе не е тоа дете, детството му е уништено – изјави Небојша.

    Мајката зборувала многу тивко и била ужасно депресивна и тешко ги потиснувала своите емоции, според написите на тамошните медиуми.

    – Тој ден бев на училиште, работам во тоа училиште и ја познавам генерацијата на мојот син затоа што бев учителка и на нивната генерација – изјавила Будимка Димитријевиќ.

    Таа раскажала како тој ден дознала за масакрот и дека нејзиното дете е рането.

    – Дојде колега и ја отвори вратата од училницата и рече излези, излези, има пукање во училиштето. Брзо заминавме и по некое време син ми дојде до мене и ми рече: „Мамо, ме погодија“. Децата го опколија. Ја видов раната и цело време доаѓаа информации за загинати и повредени. Учениците плачеа. Го барав мојот постар син, а Јован постојано повторуваше дека е ранет. Му реков: „Добро е, жив си, но Михајло, кој беше осмо одделение во истото училиште, го нема“. За еден час се јави и тој. Не видов кога Јован го однесоа со брзата помош – раскажала мајката.

    Судскиот спор за масакарот во Врачар, според написите, ќе трае до средината на декември, кога треба да биде завршено вештачењето на ранетото момче, како и на извршителот на страотниот масакр.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img