Син го запалил својот татко и веднаш го изгаснал огнот со ќебе

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Син го запалил својот татко и веднаш го изгаснал огнот со ќебе, соопшти битолската полиција.
На 17.08.2023, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И. (20) од прилепско село затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко. Според пријавеното, тие и на 11.08.2023 имале семејна расправија, по што Т.И. со запалива течност го полил и запалил татка си, по што веднаш потоа со ќебе го изгасил огнот.

Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share This Article