Симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Д

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кога телото не ја добива вистинската количина на витамин Д, може да се појават низа болести, особено поврзани со коските. Затоа, важно е да обрнете внимание на симптомите кои укажуваат дека можеби ви недостасува овој витамин.

Кај децата, недостатокот на витамин Д доведува до рахитис. Тоа е ретка болест поради која коските стануваат меки, болни и лесно се виткаат. Главните причини за оваа болест се недоволно внесување на витамин Д и/или калциум, или физиолошки проблеми поврзани со метаболизмот на овие хранливи материи. Недостатокот на витамин Д, исто така, доведува до мускулна слабост, грчеви и остеомалација кај возрасните.

Зошто има недостаток на витамин Д?
Многу често, недостатокот на витамин Д е резултат на недоволно консумирање на храна богата со него. Понатаму, дефицит на витамин Д може да се појави ако лицето не добива доволно сончева светлина или консумира одредени лекови кои ја попречуваат неговата апсорпција. Во некои случаи, тоа се случува затоа што телото има проблеми со апсорпцијата на витаминот Д од храната или затоа што црниот дроб и бубрезите не се во можност да го преработат во неговата активна форма, пишува Тајмс оф Индија.

Симптоми на недостаток на витамин Д
Иако често остануваат незабележани, постојат неколку знаци кои телото ги покажува кога има недостаток на витамин Д. Доколку овие симптоми се забележат на време и се преземат соодветни чекори, тогаш голем број здравствени компликации кои инаку се јавуваат поради недостаток на витамин Д може да да се избегнува.

Вообичаени симптоми се:
Замор

Болка во коските

Намалена густина на коските

Мускулна болка или грчеви

Промени во расположението (најчесто депресија)

- Advertisement -
Ad image

Слаб раст кај децата

Одложен раст на забите кај децата

Share This Article