Водата е исклучително важна за нашето здравје. Адекватниот внес на течности ни помага да го подобриме варењето, да го забрзаме метаболизмот и да ја регулираме телесната температура.
Кога не пиеме вода или кога брзо ја губиме (преку потење, повраќање или дијареа), може да дојде до дехидрација. Исто така, одредени лекови (диуретици) може да доведат до зголемено мокрење и дехидрација, пишува Index.hr.
Доколку се прашувате како да препознаете дека на телото му недостасува вода, обрнете внимание на овие симптоми, советуваат од Клиниката во Кливленд.
Знаците дека на телото му недостасува вода вклучуваат:
– главоболка
– збунетост
– замор
– вртоглавица
– слабост
– сува уста
– забрзан пулс
– низок крвен притисок
– губење на апетит
– зголемена желба за шеќер
– црвенило на кожата
– отечени нозе
– мускулни грчеви
– нетолеранција на топлина или студ
– затвор
– темна боја на урина.