Членовите на пропалестинскиот митинг фрлаа факели пред операта во Сиднеј, која беше осветлена во израелски бои.
Тоа уследи по полициското предупредување до еврејската заедница да ја избегне областа. Како што пренесува австралиските медиуми, „нешто било запалено, полицијата на коњи пристигнала…“
Според австралиските медиуми, кон полицијата бил фрлен и факел.
Десетици полицајци стојат на скалите на Операта за да ги спречат демонстрантите.
Таму се одржа и молитва, а група жени со свеќи го извикуваа слоганот „Слободна Палестина“.
Да потсетиме, голем конфликт меѓу Хамас и Израел е во тек, а досега животот го загубија повеќе од 1.000 луѓе.