More

    Симона Поповска сними видео за макфестовската „Бакни ме за крај“

    spot_img

    Поп -пејачката Симона Поповска сними спот за песната „Бакни ме за крај“ што ја отпеа викендов на „Макфест“.

    Станува збор за песна која е комплетно авторско дело на Горјан Стојановски, а за неа Симона веќе сними и видеозапис, кој го работеше со Крсте Шупев. За нејзиниот изглед во видеото, но и на „Макфест“ беше задолжен стариот и проверен соработник Бобан Тодоровски (шминка и фризура), додека уникатната креација со која се појави на сцената во Штип и која всушност ја претстави како феникс ја изработи Златко Јовановски – ЈЗЈ.

     

    „Статистички секоја четврта жена во светот е жртва на родово базирано психолошко насилство од страна на партнерот, а токму преку фениксот кој беше инспирација и за креацијата што ја носев на „Макфест“ сакав да ја испратам пораката што се појавува и на крајот од видеото – дека секој има свој пат и право да го изоди. Секој треба и може да го разбуди фениксот во себе, кој всушност ја симболизира трансформацијата и обновувањето“, вели Симона, која по музичката пауза заради мајчинството и семејството реши да се фокусира на создавањето нова музика и да им се врати на живите настапи.

     


    „Доста одморав време е за настапи, по „Макфест“ каде имав побрза, да речам клупска песна, веќе се подготвувам за нова, ако сѐ оди како што треба за отприлика два месеци ќе промовирам нешто ново“, вели Симона, која цврсто гази по својот избран пат во кој освен за семејството и пеењето место има и за медицината и работата на која ѝ е максимално посветена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img