Силвестер Сталоне нуди 11 свои луксузни часовници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Силвестер Сталоне ќе понуди на аукција 11 луксузни часовници од својата колекција, соопшти аукциската куќа „Сотби’с“ во Њујорк. Наддавањето е закажано за 5 јуни, а на него ќе се најде и „еден од најсложените рачни часовници во светот“ – првично продаден за 2,5 милиони долари.

На добротворна аукција во 2019 година, друг челичен модел „Грендмастер чајм“ (Grandmaster Chime) – часовник во еден примерок, беше продаден за 31 милион долари, поставувајќи рекорд. „Чајмот“ на Сталоне има проценета вредност меѓу 2,5 и пет милиони долари, но многу веројатно ќе се искачи и над тоа.

Меѓу другите скапи часовници, на наддвањето ќе се најде и „Панерај референс ПАМ-00382“ од филмот „Платеници 2“ од 2011 година, заедно со потпишан постер од филмот. Во понудите се и „Панерај референс ПАМ-00269“, „Панерај референс ПАМ-00202“, Панерај референс ПАМ-00332“,  итн

Share This Article