Силувал лице со душевно заболување и пренесувал на Јутјуб

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Јутјуб.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Јутјуб.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена.

Share This Article