Силно загадување во северна Кина: Властите советуваат да се намалат активностите на отворено

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Десетици илјади граѓани на северот на Кина денеска се погодени од силно загадување на воздухот и властите апелираат да се намалат активностите на отворено за да се избегне излегување во сивкаста маглива средина.

Областите околу Пекинг и Тијанџин, како и провинцијата Хебеи, дом на повеќе од 100 милиони луѓе, регистрираа нивоа на загадување кои беа меѓу највисоките во последните неколку месеци.

Во главниот град Пекинг властите издадоа портокалово предупредување, второ најсилно кога станува збор за загадувањето.

Швајцарската компанија која го мери квалитетот на воздухот IQAir денеска оцени дека Пекинг е петти најзагаден град во светот, веднаш зад Мумбаи во Индија.

Граѓаните се поканети да го намалат излегувањето и интензивните физички вежби во наредните денови, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Движењето на некои камиони и градежни машини е ограничено.

Во неколку зони во густо населената провинција Хебеј, која го опкружува Пекинг, властите објавија црвен аларм.

Според едно од официјалните предупредувања, маглата ја намалува видливоста на помалку од 50 метри во најпогодените делови на покраината.

Во градот Тијанџин, јужно од Пекинг, каде живеат 15 милиони луѓе, националното метеоролошки биро ги советуваше оние кои страдаат од респираторни проблеми да избегнуваат излегување и да носат маска доколку мораат да излезат.

- Advertisement -
Ad image

Според официјалните прогнози, маглата како резултат на „неповолните метеоролошки услови“ ќе остане во регионот до падот на температурата што се очекува на крајот на неделата.

Во 2014 година, Кина официјално објави „војна против загадувањето“, а квалитетот на воздухот значително се подобри во неколку големи градови.

Во Пекинг беа затворени десетици фабрики на јаглен, а индустриите кои се најголеми загадувачи се далеку од главниот град, дотогаш еден од најзагадените градови во светот.

- Advertisement -
Ad image

Но, иако е постигнат напредок, квалитетот на воздухот останува далеку од стандардите на Светската здравствена организација, а Кина останува најголемиот светски емитер на стакленички гасови одговорни за климатските промени.

Share This Article