Две лица загинаа во силното невреме што ја погоди американската сојузна држава Охајо, а голем број згради се оштетени во соседна Индијана, соопштија властите.
Како што пренесува NBC news, во Винчестер, Индијана, некои згради се срамнети со земја, а најмалку 39 лица се повредени и пренесени во болница.
„Ова е неверојатно. Штетата е неверојатна“, изјави шерифот на американската сојузна држава Охајо, Рандал Додс.
Националната метеоролошка служба соопшти дека има штета во Винчестер, најверојатно од торнадо, но дека тоа не е потврдено.
Официјални лица изјавија дека полицијата помага во напорите за пребарување и спасување во Винчестер, Индијана.