More

    Силно невреме со град и грмотевици направи пустош во источниот дел на САД, две лица загинаа, илјадници летови се откажани

    spot_img

    Силно невреме пропратено со град и грмотевици направи пустош во источниот дел на САД. Во невремето најмалку две лица загинаа, илјадници летови се откажани или одложени, а повеќе од 1,1 милион домаќинства и компании вчера останаа без струја.

    Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо за пошироката област околу главниот град на САД, Вашингтон, кое траеше до 21 часот по локално време вчера (3 часот наутро денеска по средноевропско време). Предупредувањето беше за ветрови од урагански сили, со потенцијал за град и торнада.
    Невремето се прошири на големо подрачје на истокот на САД, а предупредувања за можно торнадо беа издадени во 10 американски држави од Тенеси до Њујорк. Националната метеоролошка служба соопшти дека повеќе од 29,5 милиони луѓе биле под предупредување за торнадо вчера попладне.

    Од синоќа, повеќе од 2.600 летови во САД беа откажани, а речиси 7.900 беа одложени, според службата за следење летови FlightAware. Федералната управа за авијација соопшти дека ги пренасочува авионите кои се упатиле кон источниот брег на САД за да се избегнат бурите.

    Од вчеравечер, повеќе од 1,1 милион корисници останаа без струја во државите Алабама, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Мериленд, Делавер, Њу Џерси, Пенсилванија, Тенеси, Западна Вирџинија и Вирџинија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img