Во силното невреме што го зафати Загреб две лица загинаа, додека повредените се уште пристигнуваат, потврди д-р Љупка Хитрова за N1 Загреб.
Засега не е познат бројот на повредени, а во градот се собира материјална штета. Центарот на Загреб е поплавен, а сите јавни служби се на терен.
Силно невреме стигна и до Хрватска, а во Загреб има хаос и поплави поради обилните врнежи од дожд.
Загребскиот жупански центар 112 доби стотици повици поради паднати дрвја и сообраќајна сигнализација на улиците и јавните површини, оштетувања на телефонските и електричните линии, а силниот ветер оштети покриви на куќи, згради и стопански објекти.
Во невремето неколку лица се повредени, а две лица загинаа, потврди за Н1 д-р Љупка Хитрова.
„Имаме две машки лица кои загинаа поради паѓање на дрвја. Имаа повеќе повреди на главата“, рече Хитрова.