Силно невреме денеска го зафати Сараево каде сообраќајот е отежнат поради обилните врнежи, а многу улици се под вода.
Дождот предизвика сообраќаен колапс и во Илиџа, каде околу кружниот тек се создаде голема гужва, пренесе Срна.
Агенцијата за водено подрачје на реката Сава упати итно предупредување до правните и физичките лица во Федерацијата Босна и Херцеговина со цел да се подготват за превенција од евентуални поплави кои се очекуваат од денеска до понеделник, 25 септември.