Кристијано Роналдо изведува слободен удар, но топката наместо во мрежата, завршува позади голот во главата на камерманот. Непријатната ситуација се случи на натпреварот меѓу Ал Насри и Ал Раед во првенството на Саудиска Арабија.
Снимателот наместо да фати атрактивен кадар со португалскиот ас, доби топка во глава и за малку нокдаун. Држејќи се за сталакот од камерата, упеа да остане на нозе и за среќа мина без поголема повреда.
Видеото од ударот брзо се прошири и стана хит на интернет.