Силниот тајфун Ханун се приближува до јапонскиот остров Окинава и најавени се поројни дождови и силни ветрови во наредните денови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Силниот тајфун Ханун се приближува до јапонскиот остров Окинава и најавени се поројни дождови и силни ветрови во наредните денови. Поради опасноста, летовите се откажани и во тек е евакуација на луѓето.

На жителите во загрозените подрачја им е препорачано да се евакуираат бидејќи бурата, со предвидени налети до 233 километри на час, полека се движи кон северозапад, а само во градот Наха беа погодени најмалку 20.000 луѓе.
Аеродромот Наха е затворен и откажани се сите летови до и од областа. Вкупно повеќе од 900 меѓународни и домашни летови се откажани од денеска напладне, јави ТВ Асахи.

Најмалку 180 милиметри дожд се очекуваат до утре напладне, кога невремето најверојатно ќе биде најблиску до областа, јави јавната телевизија НХК. Други делови на Јапонија исто така се погодени од лоши временски услови.

Речиси 15.000 домаќинства останаа без струја во главниот град Токио и околните области по силна бура со грмотевици, според локалниот дистрибутер на електрична енергија.

Share This Article