Силниот дожд го сруши единствениот пат кон селото Огут кај Крива Паланка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Надојдените води од обилните врнежи од дожд што попладнево непрекинато врне во Крива Паланка и околината, однесоа дел од регионалниот пат од селото Огут кон село Нерав. Станува збор за пат кон планинското село Нерав оддалечено повеќе од 20 километри од градот.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, вечерва излезе на терен со жителите на селото Огут, заедно со службите од ЈП Државни патишта – Македонија пат, согледувајќи ги состојбите.

– Проблемите на граѓаните се и наши, заеднички и затоа меѓу нив сум во секое време. За жал против природните сили, природните непогоди, не може ништо да се направи, но наша обврска е да се справуваме со последиците, со настанатите штети во најбрз можен рок. Крива Паланка деновиве е погодена од засилени дождови кои во рок од 48 часа бележат околу 55 литри на метар квадратен. Оваа водена маса предизвика појава на повеќе од десет свлечишта на територијата на општината за чиешто санирање се мобилизирани сите надлежни служби и одржан е состанок на општинскиот кризен штаб со изречни заклучоци – рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Тој истакна дека дел од службите веќе работат на санирање на неколку локации, останатите свлечишта ќе се решаваат по создавање соодветни услови за тоа, бидејќи постои ризик од нивна поголема активност.

Share This Article