Официјални лица изјавија дека повеќе згради биле оштетени, а неколку луѓе биле ранети во голем воздушен напад врз западниот украински регион Лавов и северозападниот регион Волин.
– Три лица загинаа, а неколку се хоспитализирани во градот Луцк откако беше погодено деловна зграда – изјави Јуриј Похуљајко, гувернер на областа Волињ, чиј административен центар е Луцк.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови соопшти дека биле соборени неколку руски проектили, а неколку лица настрадале во Лавов и информираше дека се издадени наредби за евакуација на најмалку една запалена станбена зграда.
Претходно, гувернерот на Лавовската област, Максим Козицки изјави дека „групи руски ракети“ се упатуваат кон регионот.
Во првата половина од годината, регионот Лавов, кој е далеку од првите линии на фронтот и се граничи со Полска, членка на НАТО, беше поштеден од руските воздушни напади. Но, во јули нападите се засилија, а седум лица загинаа кога проектил погоди станбена зграда.
Украинските медиуми објавија дека, според прелиминарните информации, нападот во вторникот бил најголемиот воздушен напад врз регионот Лавов од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Деловна зграда беше погодено во Волин, регион кој граничи со Полска, при што беа повредени најмалку две лица во градот Луцк.
Во рускиот воздушен напад врз западниот регион Лавов, според прелиминарните информации, нема жртви, но оштетени се повеќе од 100 станбени куќи, искршени се 500 прозорци и уништено е детско игралиште.