Пред Владата вечерва се оддржа првиот сенароден собир во организација на ВМРО ДПМНЕ со кој се одбележа почетокот на кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката Проф. Др Гордана Силјановска Давкова.
Во својот говор професорката Силјановска Давкова порача:
– Гордоста не се купува или подарува. Гордоста се заслужува. Ова е годината кога одбележуваме 80 години од македонската државност, 80 години од АСНОМ. Партизаните беа инспирирани од првиот Илинден и затоа влегоа во вториот Илинден, во борба за слобода. Е така се гради гордост, тие загинаа за нас, за Македонија да ја направат горда.Ние тоа мора да го почитуваме. Тие тоа го заслужуваат, нашиот народ тука тоа го заслужува – рече Силјановска.
Од митингот под слоганот:„Македонија повторно горда“, Давкова порача дека ќе ги претставува сите без никаква поделба.
Таа вети дека нема да оди надвор од земјата и да преговара без да оствари консензус за клучните прашања за државата. Претседателот на партијата, Христијан Мицковски порада дека имаат цел државата да ја вратат во рацете на народот и да ја одземат можта на функционерите на ДУИ.