СИЛЈАНОВСКА И ПЕНДАРОВСКИ НЕ СЕ ПРОТИВ ИСТОПОЛОВИ ПАРТНЕРСТВА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски во вечерашната дебата на Телма, на прашањето дали се за легализација на истополови бракови или партнерства, се согласија дека немаат ништо против тоа и дека ја почитуваат слободата на секој да живее со кого сака.

Во поглед на тоа дали истополовите двојки треба да имаат потомство, двајцата кандидати за претседател изразија дилема.

Силјановска истакна и дека апсолутно поддржува абортус, а Пендаровски призна ако има втора шанса, сигурно би ставил вето на измените на Кривичниот законик.

Силјановска најави дека како иден шеф на државата ќе го искористи механизмот на помилување на осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Нејзиниот противкандидат од СДСМ и актуелен претседател Стево Пендаровски, пак, е против и смета дека амнестија за такво дело не треба да има.

На вечерашната дебата на ТВ Телма, Силјановска-Давкова оцени дека самата квалификацијата на кривичното дело е катастрофална.

– Оние што применија насилство се на слобода. Има таму луѓе кои не сакаа амнестија, сакаа да докажат правда, има луѓе кои водат постапки пред судот во Стразбур. Секој е различен. Јас имам право да помилувам и врз основа на анализата – не само на правото и на правдата, ќе посегнам по тој механизам – истакна Силјановска Давкова.

Пендаровски смета дека има модификација на претходната теза на Силјановска Давкова дека ќе ги амнестира сите сите.

– Разбирам ако некој не е виновен или треба да добие помала казна па и да му ублажите. Ама таа вели дека сите за 27 април ќе ги амнестираме. Како може да амнестирате за таков чин?! Прво извинување, а потоа широка општествена дебата за евентуална амнестија – порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Share This Article