More

    Силјановска Давкова: Оваа држава е далеку од правна држава, државата ни е партиска

    spot_img
    Во својот говор на предизборниот митинг во Неготино кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова се спротивстави на мислата на филозофот Хегел, кој смета дека секој народ ја заслужува својата власт.
    Според Силјановска, Хегел не е во право затоа што Македонците заслужуваат подобар претседател и премиер од тие што сега ги водат.
    – Оваа држава е далеку од правна држава, државата ни е партиска! Мислам дека вие не ја заслужувате оваа власт, тоа треба да се смени и по овие претседателски избори ветувам дека ќе го сторам она што го очекувате од мене. Секој ден ќе ви докажувам дека мојот легитимитет извира од вас, а не од некој друг. Во Македонија сега постојат две држави во една, две собранија, два премиери и за тоа вината е и кај шефот на државата. Негова улога е обединува и да помирува, да гради единство меѓу власта и опозоцијата, меѓу мажите и жените, меѓу лицата со попреченост и другите – изјави кандидатката.
    Според Силјановска Давкова, сликата за Македонија во светот ја даваат државните претставници и затоа сме држава што не ужива углед во светот.
    – Се плашам кога сегашните државни претставници се среќаваат со странци и се прашувам што ли ќе кажат, дали ќе стојат на ставот. Одат со еден став, се враќаат со друг став, а потоа воопшто немаат никаков став и затоа не заслужуваат почит. Граѓанките и граѓаните на Неготино не заслужуваат ваква власт -изјави Силјановска Давкова во Неготино.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img