Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер се случи на француската прекуморска територија Нова Каледонија, но нема опасност од цунами, соопштија локалните власти.
Земјотресот што се случи на длабочина од 36 километри го погоди југозападниот дел од островот Лојалити.
Австралиското биро за метеорологија соопшти дека не е издадено предупредување за цунами во земјата.
Американскиот геолошки институт забележа неколку последователни потреси во тој регион.
Во петокот беше издадено предупредување за цунами кога земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Пацификот, но набрзо беше повлечен.