Силен земјотрес на истокот на Тајван, Јапонија издаде предупредување за цунами

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени е регистриран во близина на источниот брег на Тајван, објави Американскиот геолошки институт (USGC), а Јапонија издаде предупредување за цунами.

Истиот регион во саботата беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер, а потоа и неколку помали земјотреси.

Епицентарот на денешниот земјотрес, кој се случи во 14 часот и 44 минути по локално време (08:44 по средноевропско време), се наоѓа на околу 50 километри северно од градот Тајтунг, на длабочина од десет километри, соопшти американскиот институт.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами на јапонските острови лоцирани недалеку од Тајван. Брановите, кои можат да достигнат еден метар, се очекуваат околу 16:00 часот по локално време, соопшти агенцијата.

Тајванските медиуми јавуваат дека двокатна станбена зграда се урнала во близина на епицентарот. Тресењето на земјата се почувствува на северниот крај на островот во главниот град Тајпеј.

Тајван и неговата околина редовно се погодени од земјотреси, бидејќи се наоѓаат во близина на спојот на две тектонски плочи.

Share This Article