Во четвртокот наутро Херцеговина беше погодена од земјотрес. Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот кај Лиштица.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил на длабочина од 60 километри, на околу 24 километри северозападно од Мостар.
Според првите податоци објавени од ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Подоцна, EMSC објави дека јачината била 4,7 степени според Рихтеровата скала.
Силни земјотреси се почувствувани и во Далмација.