СИЛЕН ЦИКЛОН НИ НОСИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ЗА БОЖИК: Најпрвин дожд – Од понеделник продор на студен бран од Арктикот!

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Јадранот, од денес навечер, и во текот на ноќта кон недела ќе започнат нови врнежи од дожд и тие локално ќе бидат обилни (над 20 л/м2), а не се исклучува можноста за развој на ретка нестабилност, проследена со појава на грмежи. Снег ќе врне само на највисоките планини.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите остануваат без промени и ќе бидат натпосечно високи за овој период од годината.

Сепак од понеделник, поради спуштање на значително постудена воздушна маса од Арктикот, очекувме северен ветер кој ќе услови големо заладување на времето. Исто така на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а во понеделник попладне и во вечерните часови локално и слабо провејување на снег ќе има понекаде и во градовите низ Македонија.

Од вторник ќе имаме стабилно, суво и студено време. Наутро температурите понекаде ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени. Максималните дневни температури на многу места низ Македонија ќе се искачуваат само за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат околу, или за некој степен под нулата (особено на повисоките места и на планините).

Во Скопје очекуваме слично време, најпрвин дождливо време во текот на претстојната ноќ и утре, а од понеделник големо заладување и услови за провејување на снег во повисоките предели од котлината.

Ви посакуваме прекасен помин за Божикните празници каде и да сте – За многу години!

Славчо Попоски

Share This Article