More

    Силен северен ветер во сабота ќе ги спушти температурите за 5 степени

    spot_img

    Денеска наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

    Преку денот времето ќе биде сончево со мала, до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец.

    Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува.

    Максималната температура денеска ќе достигне од 14 степени во маврово до 23 степени Целзиусови во Скопје и во Гевгелија.

    Понатаму следува период на стабилно и суво време, со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Ветерот ќе биде најизразен најизразен во ноќта кон недела.

    По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност.

    Дневните температури до сабота ќе бидат пониски за некој степен, а од недела ќе бидат пониски за 4 до 5 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img