Сиљановска Давкова положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во „Санта Марија Маџоре“ во Рим

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кирил бил со векови пред времето, Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот живот на некој начин во Европа пред многу, многу векови и тоа мора да го почитуваме, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова по молебенот во чест на Свети Кирил, во базиликата „Свети Климент“ во Рим, каде се наоѓа и гробот на сесловенскиот просветител.

– Тоа мораме да го почитуваме. На Кирил му било јасно значењето на зборот, на речта, на мислата, бидејќи тоа значи обединување, разбирање, слушање говорење – рече Сиљановска Давкова.

Како што јави известувачот на МИА од Рим, таа нагласи дека пораката на Кирил дека јазикот е код на разбирање е доказ дека тој на ум имал обединување на сеслосвенскиот свет.

– Тие му припаѓаат на него и тој им припаѓа на сите, рече Сиљановска Давкова по молебенот на кој имаше нашинци од Италија и Австрија, како и македонски верници, кои тука се присутни специјално за одбележувањето на Денот на Светите Кирил и Методи.

Претседателката и државно-црковната делегација на Македонија во базиликата во Рим положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Сиљановска Давкова, посетата на Рим и Ватикан, која е нејзина прва посета во странство по стапувањето на претседателската функиција, официјално ја почна вчера со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Таа по средбата изјави дека со папата разговарале за поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот, но и за претстојната конференција за Украина во Швајцарија, каде Ватикан ќе присустува како набљудувач.

– Триесет години потоа во соработката рековме дека успесите се очигледни. Потврдивме дека во посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само кон малото стадо, на кое папата му порача да не се плаши, туку за сите религии, дека сме пример за религиозен дијалог, дека Ватикан верува во нашата сила – рече Сиљановска Давкова.

Митрополитот Европски, владиката Пимен, кој заедно со митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, го водеше молебенот пред гробот на Свети Кирил, порача дека овој настан се организира по 56 пат и особено е значаен од теолошка смисла за нас.

- Advertisement -
Ad image

– Токму тука, каде се почива Свети Кирил е победена тројазичната ерес. Тоа покажало дека на секој јазик може да се слави Господ Бог и со тоа се дава можност секој човек на свој јазик да слушне за Господа и да не биде само пасивен посматрач, туку активено да може да се посвети на службата – рече Пимен.

Тој нагласи дека освен од теолошка страна секако делото на Кирил е значајно за нас како македонски народ, затоа што ни е овозможено да се користиме со кирилицата и затоа што, како што посочи, сме останале посебен дел од сите словенски народи со свој макеодонски литературен јазик, кој не е копија на ниту еден друг.

- Advertisement -
Ad image

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

фото: МИА

Share This Article