Сиљановска-Давкова истакна дека самоопределувањето е загарантирано право во Обединетите Нации

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европа треба да најде креативно решение за Македонија со почитување на идентитетот, смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Прашана дали е оптимист дека може да најдеме решение на спорот со Бугарија со оглед дека и новата Влада во Софија нема поразлични ставови од претходната, шефицата на државата упатува на важноста на Повелбата на Обединетите Нации(ОН) и Универзалната декларација за слободите и правата, односно на важноста на принципите бидејќи вели, нема ни ЕУ ни ОН без принципи и вредности.

– Ако решението се бара во принципите и вредностите на Повелбата на ОН и на Пактот за граѓански и политички права, двата документи го афирмираат правото на самоопределување на секој народ. И таму убаво си пишува дека правото на самоопределување или тн. Вилсоново начело подразбира право да си определите име, знаме, грб, химна, устав, политички систем и слично, и тоа е загарантирано за секој народ. Ако на ова го додадам а јас многу верувам во принципи и вредности, без нив нема ни ЕУ, нема ни ОН, а документите Договорот за ЕУ – Лисабонскиот договор, Конвенцијата за фундаменталните права, во преамбулите зборуваат за почитување на национален и културен идентитет, почитување на дигнитет, интегритет, почитување на Повелбата и другите акти на ОН, почитување на судските одлуки и на оние во Стразбур, и на оние коишто се носеле низ историјата во Хаг, тогаш верувам. Верувам во бонафиде, не верувам во мала фиде. Значи немам проблем да разговараме за нешта за кои разговараат сите – вели Сиљановска Давкова поздравувајќи ја засилената дипломатска активност на Влада во Вашингтон.

Таа при тоа укажа дека на средба со еден политичар неодамна кога и било нагласено дека договорите треба да се почитуваат, таа укажала на членот 7, став 3 од Преспанскиот договор на којшто тој се повикувал, а во кој се вели дека во однос на Втората страна, терминот „Македонија“ и „македонски“ ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со сопствена историја, култура и наследство.

– За што разговараме во тие комисиите? – за историја, култура и јазик. Кој треба тоа да го каже пред Советот? Грчките претставници. Кој требало тоа да го предочи на Бугарите, грчките претставници, бидејќи тие се повикуваат на Преспанскиот договор. Значи нема проблем да разговараме – наведува претседателката на државата.

Таа додава дека низ историјата ЕУ биле многу креативна кога примала некои членови и посочи на примерите со Грција, Бугарија и со Романија.

– Кога требало Грција да влезе во ЕУ, Парламентот рекол не, Комисијата рекла не, а Советот рекол да. И не згрешил. Извонреден потег направил што значи ја примил во членство за да шири демократија. И кај други држави особено од Балканот, Романија, Бугарија, имало многу креативни решенија. Еве јас им оставам значи на европските лидери да пронајдат креативно решение за да ни го овозможат она што го бараат секој ден за сите држави. Значи почитување на идентитетот, национален, културен итн. и да ни овозможат да докажеме дека копенхагенските критериуми не ги разбираме како Хамлет, по Балканот ако лутаат, туку дека сакаме да ги спроведеме. Така ние навистина ќе станеме поблиску. Значи да се дебилатерализра проширувањето, бидејќи особено сега на Европа ѝ треба единство. Никогаш не било поактуелна потребата за идентификација на Европа со ЕУ. Не треба никому да докажуваме дека историски културно секогаш сме биле географски веќе да не зборувам дел дел од Европа. Значи научени лекции, научени лекции. Ова што се случува денеска уште еднаш покажува дека ЕУ требаше да реагира навреме. Идејата е да спречите конфликт, а не секогаш постконфликтно откако од огромна далечина ќе стигнат Американците, да велите дека сте требале да реагирате навреме – вели Сиљановска Давкова.

Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на Владата во однос на САД. Таа кажа дека тоа е политички одговор на трансформациите во светот.

– Да речеме тоа е политички одговор на огромните трансформации, во кои влезе светот. Се разбира, зошто во САД, јасно е. Не затоа што амбасадорката на САД со право вели дека тоа е вистински чекор, туку затоа што сите што знаеме политика, знаеме дека САД се засновани на системот на лобирање. Значи, лоби групите во САД имаат најголемо влијание врз креирањето на политиката. Ретко сме имале прилика, еве и ние да познаваме клучни актери и фактори во креирањето на американската политика. Веројатно тоа место е добро место за креирање стратегија и јас ја поздравувам таа активност, значи на вистинското место се – рече Сиљановска Давкова.

Претседателот на МАНУ Живко Попов смета дека е одлична политичка идеја предлогот за уставни измени со одложено дејство за кој што се залага премиерот Христијан Мицкоски и не гледа, вели, зошто нашите соседи гледаат на тоа како на нешто за кое не треба воопшто да се дискутира. Напротив тој смета дека треба да се разговара, а не да се преговара, да се продолжат разговорите на сите нивоа, вклучувајќи и обновување на научните релации на ниво на академии преку разговори.

- Advertisement -
Ad image

– Ние треба да ги продолжиме разговорите со нашите соседи, оти тие се тука со векови и ние сме тука до нив. Ниту тие ќе си заминат ниту ние, ќе останеме едни крај други да живееме. И треба повеќе, да разговараме отколку да преговараме, разговори на повеќе ниво. Еве и МАНУ треба да ги возобнови релациите со Бугарската академија на науките со која до пред неколку години имавме 34 проекти. Значи дојдовме до фаза кога со таа Академија имавме најголема научна соработка, и тие се прекинати по една наша декларација од 2019 година, потоа еден манифест од бугарската страна во однос на јазикот. Јас сметам дека ние треба повторно да отпочнеме со научно-истражувачка соработка со БАН и што повеќе да разговораме. И ние на ниво на науката можеби ќе ги отвориме вратите и за повисока политика. И ние и политичарите треба што повеќе разговори на што повеќе теми, а помалку преговарање – вели академик Попов.

МАНУ во претстојниот период рече тој, ќе се фокусира повеќе кон државата, кон институциите на државата со цел да и помогне, како што вели, во овие моменти кога се соочува со потешкотии во низа круцијални прашања, за што веќе договараат прокети со Владата.

– Ја запознав претседателката, дека ние сме во контакти со премиерот на Владата, имаме одредени идејни проекти коишто ќе ги реализираме во соработка со Владата во наредниот период кои се однесуваат на круцијални области, енергетиката, потоа компјутерски науки, вештачка интелегенција. Овие проекти ги договараме со Владата – вели претседателот на МАНУ, академик Попов.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article