Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изрази големо задоволство и чест што во Мостар се сретна со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарт.
По тој повод Додик нему и на премиерот Виктор Орбан им ја честита победата на изборите во Унгарија. Членот на државното претседателство заклучи дека победата на Орбан е многу важна и за ентитетот Република Српска.
„Денеска потврдивме дека ќе ги спроведеме сите стари договори, но ќе работиме и на имплементација на нови. Благодарен сум на Унгарија за она што го прави за мирот на Балканот и за разбирањето на ситуацијата. Ви благодарам Сијарт што го посетивте Мостар и мислам дека ова е начинот на кој треба да се оди“, заклучи Додик.
Сијарто посочи дека Унгарија води одговорна добрососедска политика.
„Во наш интерес е мирот и стабилноста на Западен Балкан. Со сигурност знаеме дека за тоа се потребни економски услови. Затоа, решивме да преземеме сериозна програма за економски развој во Босна и Херцеговина, но и во Република Српска. А таа програма ќе се реализира врз основа на разговори со претседателот (Додик). Овој месец ќе биде објавен конкурс поврзан со оваа програма“, изјави унгарскиот шеф на дипломатијата.
Петер Сијарто рече дека во првиот круг од програмата ќе бидат обезбедени 30 милиони евра.
На крајот тој посочи дека Унгарија е против политиката на санкции и испрати порака до европските политичари како подобро да ја разберат ситуацијата во Босна и Херцеговина.
„Сакам да појаснам дека не може да се воведат санкции на Западен Балкан за да има мир и стабилност. Затоа барам од политичарите во ЕУ да не зборуваат за претседателот Додик, туку да разговараат со него, бидејќи многу подобро ќе ја разберат ситуацијата во БиХ. „Европските политичари очајно ќе треба многу подобро да ја разберат ситуацијата на Балканот“, рече Сијарто.
Инаку, унгарскиот министер за надворешни работи денеска ќе го отвори саемот во Мостар.