Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го повика НАТО да направи се за да избегне директно вклучување во вооружен конфликт во Украина или директен конфликт со Русија.
„Мораме да направиме се за да обезбедиме НАТО да не стане дел од конфликтот и да не дојде во директен конфликт со Руската Федерација“, изјави Сијарто за Си-Ен-Ен.
Тој посочи дека Унгарија инсистира на таква одлука и се надева дека таа ќе се почитува во иднина, пренесе ТАСС.
„Во спротивно, доколку НАТО се вклучи во овој конфликт, тоа ќе носи ризик од избувнување на Третата светска војна“, предупреди Сијарто.