Сијарто го известил Муцунски за помошта

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, ќе ни испрати три противпожарни возила.

Вака е наведено во неговата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Ова го потврдил Сијарто во разговор со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски, пренесува унгарскиот портпарол Золтан Ковач.

Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски потврди дека наскоро ќе пристигне помош од Унгарија за Македонија.

„Во денешниот телефонски разговор, мојот унгарски колега, Петер Сијарто, ме информираше дека Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справување со пожарите. Помошта од Унгарија е од големо значење. Изразив голема благодарност за солидарноста и ја нагласив важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти. Се заблагодарив за брзата реакција и поддршката од унгарската страна, истовремено истакнувајќи дека Владата и Министерството ги користат сите расположливи механизми за побрзо справување со огнените стихии“, соопшти Муцунски.

Share This Article