Швеѓанките си купија душеци од ИКЕА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Како и на Олимписките игри во Токио, олимписките учесници во Париз имаат на располагање кревети направени од картонски кутии, наречени и „антисекс кревети“. Но, шведските ракометарки немаа проблем со самите кревети, тешко им беше од душеците, пишува Кронен цајтунг.

– Душеците се тврди. Сосема се нови, па потребно е време за да омекнат. Но, веднаш ни треба добар сон – изјави ракометарката Јамина Робертс.

Воведниот натпревар против Норвешка е веќе закажан за четврток.

Со цел да се наспие добро претходно, тимот едноставно си купи замена од ИКЕА.

– Треба да бидете ориентирани кон решенија и да го правите она што е најдобро за вас – вели Робертс.

Дали помеките подлоги ќе донесат успех? Одговорот на ова ќе се добие за време на скандинавскиот дуел.

Share This Article