Шведска ќе ја подигне тревогата за закана од тероризам на второто највисоко ниво, објави во четвртокот дневниот весник Dagens Nyheter, откако палењето и оштетувањето на копија од Куранот предизвика жестоки реакции кај муслиманите.
Шведската безбедносната служба САПО планира да го подигне нивото на тревога од трето на четврто, што значи дека постои конкретна закана од напад, пишува весникот.
Велика Британија и САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Шведска поради можни терористички напади поради протестите во таа земја и во соседна Данска поради палењето и оштетувањето на копии на Куранот од страна на антиисламски активисти.
Шведска и Данска се меѓу најлибералните земји во светот и долго време дозволуваат критика на религиите.
Муслиманите сметаат дека сквернавењето на Куранот е сериозен прекршок достоен за строга казна.