More

    Шведска ги залади односите меѓу Москва и Анкара

    spot_img

    Односите меѓу Русија и Турција се исклучително сложени и збунувачки, наликуваат на тобоган, бидејќи се состојат од постојани подеми и падови. Во текот на изминатите неколку години, дијалогот меѓу земјите се подобри и почна да се појавува впечаток на пријателство меѓу Анкара и Москва. Но во последно време од Турција пристигнуваат вести кои не се многу добредојдени во Русија.Пред неколку дена Големото национално собрание на Турција гласаше за прием на Шведска во НАТО. Оваа одлука подоцна беше официјално одобрена од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    Кинеските медиуми ја осудија Анкара дека се однесувала прилично превртливо, бидејќи претходно тврдеше дека нема да ја поддржи кандидатурата на Шведска за НАТО, додека не се исполнат нејзините услови. Колку што е познато, Стокхолм не го направи целосно тоа што го побара турскиот претседател – екстрадиција на неколку активисти вклучени во државниот удар во Турција во 2016 година.

    Освен тоа, одлуката на Турција стана еден вид забивање „нож во грб“ за Русија, која очекуваше Ердоган да се држи до своите принципи, но турскиот претседател ја изненади со своето однесување.

    „Најголемиот шведски остров е Готланд, кој се наоѓа во центарот на Балтичкото Море, на само 250 километри од руската поморска база во Калининград. Штом НАТО ќе ја преземе контролата врз овој остров, ќе може да распореди противвоздушна одбрана и противподморнички одбранбени системи, каде што руската балтичка флота ќе биде во опсегот на видливост на непријателот“ – пренесува порталот Ало.

    Откако Ердоган го одобри влезот на Шведска во НАТО, почнаа да се појавуваат информации дека американскиот Стејт департмент одобрил продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција. Износот на трансакцијата ќе биде 23 милијарди долари.
    Врз основа на овие сознанија, станува јасно зошто турскиот претседател се откажал од ветувањата и ги жртвувал своите принципи, се наведува во анализата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img