Актерот Арнолд Шварценегер ги презеде работите во свои раце откако му здодеа да чека властите да ја поправат дупката на улицата што му правеше проблеми нему и на неговите соседи.
Познатиот актер објави видео во кое покажа како тој и неговите соседи поправаат дупка на улицата која им правела проблеми на сите жители на улицата.
„Откако целото маало беше вознемирено поради оваа огромна дупка на улицата која со недели им прави проблеми на автомобилите и велосипедите, денеска излегов со мојот тим и ја поправив. Секогаш велам – не треба да се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа“, напиша 75-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија на својот Твитер профил, каде објави видео како ја поправа дупката.
Луѓето го пофалија актерот и поранешен бодибилдер што ги засука ракавите и сам си ја заврши работата.
„Сакам да го гледам тоа, екс-гувернерот ги поправа дупките“, „Навистина ми се допаѓа ова! Ова е вистински потфат“, „Го сакам ова! Да се преземе акција во вашата заедница!“, беа само дел од коментарите на фановите на Шварценегер, пренесува Index.hr.