Кутијата во која се собираат донации за клубот, кој на сопствен трошок одржува тешка патека за искачување и гарантира безбедносна помош на опасните делници, се наоѓаше на локација висока 2.350 метри на патеката која води до врвот Даубенхорн.
Непознат сторител претходно овој месец ја скршил кутијата и ги украл донациите, проценети на стотици долари.
Металната кутија била вградена во карпа во близина на долината што алпинистите ја користат за одмор пред да го освојат врвот.
Рутата до Даубенхорн се смета за најдолга рута во Швајцарија и ја носи ознаката К5, што значи „исклучително тешка“.
До долината може да се стигне по неколкучасовно искачување со специјална опрема и техники, изјави Патрик Грихтинг, член на управниот одбор на здружението.
„Обичните планинари не можат да стигнат до него“, објасни тој.
„Не би можел да се искачам со пари што не ми припаѓаат“, рече тој, доведувајќи го во прашање моралот на таква личност или лица.
Клубот му напиша порака на крадецот на Фејсбук. „Не му посакуваме никаква штета на сторителот, но се надеваме дека совеста ќе го мачи секогаш кога ќе оди на планина и тоа засекогаш.
Од клубот не ја пријавиле кражбата во полиција бидејќи нема надеж дека ќе успеат да ги идентификуваат отпечатоците, но се очекуваат нови донации.