Швајцарската компанија Трафигура стана мнозински сопственик во „Еуромакс ресоурцес“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Инвестициската група Galena Resource Equities Limited („Galena“), која е подружница на Trafigura Group купи нови акции од  компанија Еуромакс Ресорсис, концесионер на рудникот за бакар „Иловица – Штука“. Од последното соопштение на компанијата „Еуромакс ресоурцес“ станува јасно дека сега Трафигура има значително зголемен удел во Еуромакс и веќе поседува мнозински пакет од 50,20%.

Претходно, „Галена“ поседуваше 46,16% од акциите во Еуромакс, но со последната транша акциите се зголемени на приближно 50,20%. Како што се наведува во соопштението, последната транша тежела 691.969 американски долари.

Galena Resource Equities Limited е фирма во сопственост на Galena Asset Management S.A., која е инвестициска гранка во целосна сопственост на Trafigura Group, водечка светска трговска фирма за стоки, и е овластена и регулирана од страна на Швајцарската агенција за надзор над финансискиот пазар (FINMA). Повеќе од една деценија Galena работи на финансиските и стоковите берзи, овозможувајќи им на водечките институционални инвеститори пристап до можностите за инвестирање заедно со Trafigura Group преку фондови или управувани сметки.

„Трафигура“ пак е мултинационална компанија со регионални центри на повеќе континенти. Главното седиште за Европа е во Женева, Швајцарија, а потоа следуваат и Хјустон, САД, како и Монтевидео за Јужна Америка, но и Мумбаи во Индија. Компанијата, освен со метали, се занимава и со енергенси, а е основана во 1993 година. „Трафигура“ се наметнува и како најголемиот приватен трговец со метали во светот и втор по големина трговец со нафта, која опстојува во економиите на 36 земји, со отворени преку 65 канцеларии.

Компанијата Еуромакс Ресоурцес во моментов во Македонија е фокусирана на изградба и функционирање на проектот за рудник за бакар во Иловица.

Share This Article