More

    ШВАЈЦАРИЈА САКА ДА ГИ НАДГРАДИ СВОИТЕ НУКЛЕАРНИ БУНКЕРИ ВО ВРЕМИЊА НА ГЛОБАЛНА НЕИЗВЕСНОСТ

    spot_img

    Швајцарија сака да ја надгради својата мрежа на нуклеарни бункери, што се веќе застарени, но сѐ повеќе се гледаат како вредно богатство во овие времиња на глобална неизвесност, јавија локалните медиуми.

    Благодарение на законот, донесен во 1963 година, Швајцарија веќе е пред соседните земји како Германија. На секој од деветте милиони жители на Швајцарија, вклучително и на странци и на бегалци, му се гарантира место во бункер за заштита од воздушни напади и радијација.

    – Швајцарската конфедерација сака да укине некои од исклучоците што постојат во сегашните правила во наредните години, како и да реновира некои од нејзините постари бункери – рече шефот на службата за цивилна одбрана во кантонот Во, Луис-Анри Делаража, објавија тамошните медиуми.

    Швајцарската влада започна консултации на таа тема во октомври за да обезбеди „отпорност на земјата во случај на вооружен конфликт“. Планирано е да се издвојат 220 милиони швајцарски франкови (250 милиони долари) за реновирање на старите објекти.

    – Ова не значи дека се подготвуваме за конфликт. Тоа не е пораката. Сепак, имаме мрежа на бункери и треба да ги одржуваме за да се увериме дека се функционални – истакна Делаража.

    Делаража рече дека откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, неговата канцеларија примила многу повици од загрижени граѓани кои поставувале прашања за бункерите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img