Швајцарија се чини е единствената замја во Европа која лани не ги преживуваше проблемите со високите цени и растот на инфлацијата.
Податоците за инфлацијата во оваа земја покажуваат дека таа лани изнесувала само 2,8 отсто и била поттикната од растот на цените на горивото, автомобилите и киријата. Податоците за декември, пак, се дека инфлацијата се намалила како резултат на поблагиот раст на цените на енергијата.
Во 2021 година цените во оваа земја пораснаа само за 0,6 отсто, а во 2020 година забележаа речиси ист процентен пад.