More

    Шумскиот пожар меѓу селата Будинарци и Митрашинци близу Берово,општината бара помош од населението

    spot_img

    Шумскиот пожар меѓу селата Будинарци и Митрашинци близу Берово уште тлее. Тој се разгорел поради ветрот. Додека командирот на ТППЕ-Берово побара од општина Пехчево возило и дополнителни сили, општина Берово апелираше до граѓаните да помогнат со гаснењето. Зафатени се и до три хектари шума во Општина Делчево, вели портпаролката Даниела Такева.

    Се работи за мешана шума до даб и бука, а гори и сува трева.

    – „Во моментот гори голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски. Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелираме до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година – велат од општина Берово.

    И лани во овој дел на Македонија имаше големи шумски пожари кои направија пустош. На помош дојдоа пожарникари од повеќе земји. Помогнаа Словенци, Австријци, Бугари, Срби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img