Грлкиот концесионер сам ќе ја гради ХЕЦ „Чебрен“, а по изградбата земјава ќе добива 33% од влогот, а 67% му останува на концесионерот. Делот од инвестицијата на државата во хидроелектраната ќе се покрие со давање на ХЕЦ „Тиквеш“ на грчкиот концесионер, појасни денеска министерката за животна средина Каја Шукова.
– Државата по изградбата на ХЕЦ „Чебрен“, ќе го даде за уделот којшто го има, преку ХЕЦ „Тиквеш“, којашто е постојна во државата и којашто ќе се поврзе на хидроелектраната „Чебрен“. Тоа е вогот на државата, не е влогот во пари. ХЕЦ „Тиквеш“ го даваме да се поврзе на системот на ХЕЦ „Чебрен“ и да го оперира како еден систем, а грчката компанија, треба прво да обезбеди дозвола за вода, според Законот за води, а потоа ќе се потпише договорот за концесија. Самата ќе инвестира во изградбата – рече Шукова.
Појасни дека во влогови 67% отпаѓаат на инвеститорот, а 33% државата.
– И утре кога ќе се исплаќа дивиденда, државата ќе земе 33%, 67% се на инвеститорот. По 60 години, по завршување на концесијата целиот комплекс, сѐ она што ќе биде изградено, останува на државата – вели Шукова.
Таа објасни дека поволност од оваа инвестиција е тоа што земјава ќе има предност за користење на струјата.
– Она што е битно за нас, е кога ќе се склучува концесискиот договор ќе ни биде битно, предимство за користење на електрична енергија да има државата, потребите на државата, секако по пазарна цена, а потоа да може да се дава на други потрошувачи – вели Шукова.