More

    Штрајкот не е квизот „Се или нешто“ – Владата е банкарот, но Неделков не е Лила па да вика дали понудата важи или не

    spot_img

    Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски во своето гостување во „Утрински брифинг“ се осврна на генералниот штрајк на СОНК во образованието и за преговорите со Владата кои ги води Јаким Неделков и раководството на СОНК при КСС за повисоки плати на просветните работници и персоналот во детските градинки.

    – Синдикатите се актуелни на медиумската сцена, но има и причина за тоа, причината се кризите што се случуваат, а највеќе нè погоди оваа воена криза. Навистина во овој момент треба да се помогне на работниците за да ја пребродат оваа хиперинфлација што ни се случува и недостатокот на прехранбени продукти. Секој има право да го оствари штрајкот но мора да кажам – штрајкот не е авантура, она што ќе го ветиш пред работниците како прв синдикалец, без разлика на која гранка припаѓаш треба да го исполниш. Тоа ветување да го базираш врз основа на закони, колективни договори и кога ќе го поведеш членството во штрајк да останеш доследен синдикален лидер и да не се пазариш, туку доследно да ги применуваш законите и колективните договори, односно одредбите кои се пропишани во нив – рече Димовски во „Утрински брифинг“.

    Тој говореше и за поддршката која ССМ му ја даде на СОНК во однос на генералниот штрајк во образованието.

    – Ние на СОНК му дадовме безрезервна поддршка, но тоа се беше до вчера. Вчера воопшто не ми се допадна излагањето на претседателот на СОНК Јаким Неделков, затоа што сметам дека мораше да ја говори вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето на штрајк, говорам за просветните работници, требаше да им каже што ќе се случи доколку штрајкуваат и кои се правилата на игра за време на штрајк. СОНК на чело со Јаким Неделков штрајкот го организира по основ на зголемувањето на минималната плата т.е нејзино усогласување. Ако СОНК штрајкува по Закон и ако му се прекршени правата по Закон, тоа не е така. Законот вели – шест месеци има време, согласно членот од Законот за минимална плата, Владата и работодавецот да ја усогласат минималната плата или скалесто да се зголеми. Ние сме се согласиле така по Колективните договори. Потребата да се случи промената ден побрзо, сега и веднаш е неопходно и за тоа ние му дадовме поддршка – вели претседателот на ССМ.

    Од друга страна, вели Димовски Колективниот договор се усогласува еднаш годишно и може до 30.12 тој да се усогласи согласно порастот на минималната плата.

    Не се работи за нарушување на правата туку за унапредување и според тоа ќе падне на синдикатот да ги исплати платите на работниците кои штрајкуваат, веќе предупредија од МТСП и МОН.

    – Јас да бев Јаким Неделков и ССМ ние ќе штрајкуваме од 1 септември кога ќе беше последниот рок за скалесто усогласување на сите останати плати – вели Димовски.

    ССМ, како што информираше Димовски од денес бара средба со владата и со вицепремиерот Фатмир Битиќи кој е назначен за преговори со групата за општиот колективен договор за јавниот сектор.

    – Ние немаме 6 месеци за чекање и 2.806 денари за линеарно покачување на сите вработени во јавниот сектор и тоа ќе го зафати и образованието, полицијата, војската, администрацијата и целиот јавен сектор. Ние ќе преговараме за нешто што сме ветиле, а бидејќи Јаким Неделков вети 18,4 проценти и сега при секое излегување од влада вели очекуваме добра понуда. Другари, што правиме ние, преговараме согласно закон и ги туркаме луѓето во штрајк за 18,4 и чекаме од влада понуда. Па што е ова, квизот на Лила Филиповска, банкарот е Владата, а Јаким Неделков е Лила Филиповска и ќе вика понудата важи или не важи. Дајте малце сериозно. Велам штрајкот не е авантура, трпат работниците, кај се мали платите во образованието и сега владата да им плати само придонеси. Да се свестиме и да знаеме кој ни го води штрајкот, а не да слушаме само критики врз ССМ кој ја збори вистината – дециден е Димовски.

    ССМ за 1. мај организира традиционален протест за работничките права и ги продолжува преговорите со владата за линеарно усогласување на платите во јавниот сектор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img