More

    Штрајкот на машиновозачите во Германија се шири и во товарниот сообраќај

    spot_img

    Штрајкот на германските машиновозачи се шири и во товарниот сообраќај, а одлучено е тој да трае три дена, пренесува Дојче веле.

    Штрајкот ќе има последици за бизнисите, логистиката, пристаништата и потрошувачите.

    Синдикатот на германските машиновозачи одлучи од вторник навечер, покрај штрајкот на патниците, во штрајкот да биде вклучен и товарниот сообраќај.

    Ова не само што ќе влијае на германските железници, туку и на многу компании во Германија кои ги испорачуваат своите суровини или стоки со товарни возови.

    Дополнително, последиците ќе ги почувствуваат и соседните земји, бидејќи 60 отсто од вкупниот товарен сообраќај на Германските железници се транспортира низ Европа.

    Шест од вкупно 11 европски железнички коридори за транспорт на стоки минуваат низ Германија, соопшти Министерството за дигитални прашања и транспорт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img