Штрајк на писателите и сценаристите во Холивуд почна минатата недела, пред сѐ поради платите, но и одбивањето на студијата како „Нетфликс“ и „Дизни“ да ја исклучат можноста – вештачката интелигенција да го заменува човекот писател во иднина само поттикна уште еден страв и повеќе гнев.
Со брзото развивање на ВИ и способноста да се имитираат човечките вештини, програмите како Чет-ГПТ претставува закана и загрижаност за повеќе гранки од светското стопанство. Поради тоа, Белата куќа оваа недела свика претставници на поголемите технолошки компании за да се разговара за можните ризици и опасности.
Како дел од повеќенеделните преговори со повеќе филмски студија и стрим-платформи и несогласувањата потоа, Здружението на писатели на Америка побара и обврзувачки договори за регулирање на употребата на вештачка интелигенција.
Според предлозите, ништо напишано од ВИ не може да се смета за „книжевен“ или „изворен“ материјал – стручни поими што одлучуваат кој ги добива авторските права. Покрај тоа, се бара сценаријата напишани од членовите на Здружението не може да се користат за обука за вештачка интелигенција.
Но, се чини, холивудските студија ја одбиле таа понуда и возвратиле со предлог – само да се состануваат еднаш годишно за да разговараат за напредокот на технологиите.
– Убаво е од нив да предложат да одржиме состанок за тоа како ја користат (технологијата, б.п.) против нас! Уметноста не може да се создаде со машина, така тоа ги убива „срцето и душата“ на
приказната… Мислам дека вистинскиот збор е „вештачка“, се пошегува Ерик Хајсерер, кој го напиша, меѓу другото, и хит-филмот на „Нетфликс“ – „Кутијата за птици“.
Тој вели дека мора да се погледне и како технолошките компании ги уништуваат бизнисите обидувајќи се да се откријат себеси.