More

    Штрајк на лекарите во Велика Британија, болниците „парализирани“

    spot_img

    Илјадници лекари во Англија штрајкуваа два дена барајќи подобри плати и услови, оставајќи ги болниците парализирани и способни да лекуваат само итни случаи.

    Вработените во јавниот сектор штрајкуваа во последните месеци поради зголемените трошоци за живот. Лекарите со долгогодишно работно искуство денеска штрајкуваа, два дена откако помладите лекари го прекинаа најдолгиот штрајк во историјата на Националната здравствена служба.

    Откажани се илјадници операции и закажани прегледи, а здравствените власти најавија дека последната рунда штрајкови ќе има се поголемо влијание врз системот затоа што речиси и да не може да се обезбеди нега во болниците, освен ако не е под надзор на постар.

    Високите лекари, познати како консултанти, до сабота наутро ќе ги надгледуваат само итните интервенции.

    Владата на Велика Британија им понуди на лекарите зголемување на платата за 6 отсто, но синдикатот тоа го нарече „исмејување“ на професијата.

    Дури и пред штрајковите, Националната здравствена служба веќе беше под огромен притисок поради недостигот на работна сила, големиот заостаток и недостатокот на финансии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img