More

    Што значи ако на површината на медот има бел слој?

    spot_img

    Некои веруваат дека бел слој или бели точки на површината на медот покажуваат дека е расипан или со послаб квалитет. Па, тоа воопшто не е така.

    Веројатно ви се случило кога ќе отворите тегла со мед, да забележите белузлав слој или бели точки на нејзината површина. Дали таков мед треба да се избегнува или дури и да се фрли? Воопшто не.

    Професионално феноменот се нарекува раслојување (слоење) на медот и тој е сосема безопасен, пишува порталот N1 Загреб. Сосема природна појава е кога се кристализира гликозата (вид на шеќер во медот). Понекогаш се појавува и како пена. Причината се воздушните меури кои се собираат во медот додека го истураат медот во чашата, а потоа се издигнуваат на површината каде што создаваат пена.

    Белиот слој може да укаже и на присуство на квасец, но тоа не е причина за загриженост, пишува порталот. Во случај на мед со висока содржина на гликоза, понекогаш забележуваме некакви бели „цвеќиња“ на површината или на ѕидовите на теглата, кои растат со текот на времето. Ова е само доказ дека квасците се хранат со фруктоза, друг вид шеќер во медот, кој го претвораат во гликозна пена. Ова е доказ дека медот е „жив“, дека не е термички третиран и дека се уште е биолошки активен.

    Сосема природен процес е и кристализацијата на медот или појавата на кристали во него. Уште повеќе. Неправилната структура на медот – кристали или пена на површината – укажува на тоа дека се работи за висококвалитетен природен мед. Од друга страна, медот кој долго останува течен укажува на тоа дека му се додадени шеќери или дека е термички обработен.

    Кога купувате мед, прочитајте ја етикетата, советува порталот. Квалитетниот производ не смее да содржи адитиви како гликоза или пченкарен сируп. Целата гликоза мора да биде од природно потекло. Експертите препорачуваат и едноставен тест со кој можете да проверите дали имате работа со вистински, а не со „лажен“ мед: кога ќе го пробате, треба да почувствувате благо гребење во грлото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img