Што содржи Законот за амнестија што го објави Министерството за правда?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за правда денеска го објави предлог Законот за амнестија со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела. Се очекува тој да биде усвоен на наредната седница на Владата.

Предлог законот бил доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собрание кои треба да дадат свои забелешки и сугестии. Целта е да се овозможи рестеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи, како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа, соопшти Министерството.

Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, да се ослободат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилната пресуда.

„Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела ‘Злоупотреба на службената положба и овластување’од член 353, ‘Несовесно работење во службата’ од член 353-в, сите од Кривичниот законик, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово-базирано насилство.

Амнестијата не се однесува за кривични дела ‘Разбојништво’ од член 237 став 5 и ‘Разбојничка кражба’ од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела ‘Измама на штета на средства на Европската Унија’ од член 249-а, ‘Перење пари и други приноси од казниво дело’ од член 273, ‘Злоупотреба на службената положба и овластување’ од член 353, ‘Несовесно работење во службата’ од член 353-в, ‘Примање поткуп’ од член 357, ‘Давање поткуп’ од член 358, ‘Давање награда за противзаконито влијание’ од член 358-а и за ‘Примање награда за противзаконито влијание’ од член 359, сите од Кривичниот законик

Амнестијата не се однесува на лицата кои ги сториле делата кои се предмет на амнестија по 1 септември 2023 година.

Амнестијата не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Северна Македонија.

Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.

Министерството соопшти дека очекува поддршка од сите пратеници за предложеното законско решение.

- Advertisement -
Ad image

Целиот предлог закон може да се прочита на следниов линк.

Share This Article